Македонија,Економија

Трговската размена со странство од јануари до јули е 7,085 милијарди долари

Трговската размена со странство од јануари до јули е 7,085 милијарди долари

Во периодот јануари – јули 2014, трговската размена на Македонија со странство изненсува 7.085.005.000 американски долари.Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во тој период е 2.834.158.000, а на увозот 4.250.247.000 долари.Покриеноста на увозот со извоз е 66,7 отсто.

Државниот завод застатистика денеска објави дека рговскиот дефицит, во периодот јануари – јули годинава, изнесува 1.416.089.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникел, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платина и легури на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – јули 2014 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28, со 78 проценти и државите од Западен Балкан со 13,6 проценти. И во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ со 64,2 проценти.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија, кои учествуваат со 52,5 проценти од вкупната надворешно-трговска размена.