Тргувањето преку интернет платформите е забрането

Во последно време се забележува наплив на понуди за заработка со тргување преку интернет-платформите. Овие платформи ветуваат остварување големи приноси и дополнителни парични средства за вложување, со цел полесно привлекување на потенцијалните инвеститори. Тргувањето преку интернет-платформите со себе носи голем број ризици и може да доведе до високи загуби за вложувачите.

МИнстерството за финансии информира во Република Македонија согласно со Законот за девизно работење, физичките лица – резиденти на Република Македонија, не смеат да вложуваат во хартии од вредност во странство. Според тоа, тргувањето, односно вложувањето во акции, обврзници, инструменти на пазарот на пари, деривативни финансиски инструменти и во други финансиски инструменти на странските финансиски пазари преку интернет-платформите е забрането.

За да се спречи ваквото тргување, надлежните органи почнаа да преземаат мерки за откривање и казнување на физичките лица коишто неовластено тргуваат и вложуваат преку овие интернет-платформи.

Казните за физичките лица коишто вложуваат во странски хартии од вредност на овој начин се во висина од 1.500 до 3.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.