Свет

Три африкански држави заеднички работат на лоцирање на екстремистите на Боко Харам

Три африкански држави заеднички работат на лоцирање на екстремистите на Боко Харам

Нигер, Чад и Камерун заеднички работат на лоцирање ектсремисти од Боко Харам на нигериската граница пред големата офанзива што треба да почне во крајот на март, изјави денеска висок воен претставник.

Таа исламистичка група води жестоки борби со армиите на тие држави на југ во Нигер како и во северен Камерун изминатите недели.

Воените сили на Чад упаднаа повеќе пати во Нигерија за да ги потиснат џихадистите при што стотици екстремисти беа убиени.

Воени претставници ќе имаат средба во Нџамена идната недела да финишираат стратегија за 8.700 војници од Чад, Камерун, Нигер, Нигерија и Бенин.