Три американски држави гласаа за поддршка на смртната казна

казна

Избирачите во Калифорнија го отфрлија предлогот за укинување на егзекуциите во оваа држава и замена на смртната казна со максимална казна доживотен затвор.

Во Оклахома се гласаше за заострување на законодавството за смртната казна.

Во Небраска, пак, се изгласа враќање на егзекуциите, откако избирачите го повлекоа законот од 2015 година со кој тие беа укинати.

Во САД има над 2.900 лица, кои очекуваат извршување на нивните смртни казни.

Според „Амнести интернешенел“ земјата се наоѓа на петото место во светот според бројот на егзекуции, извршени во 2015 година, а пред неа се само Саудиска Арабија, Пакистан, Иран и Кина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.