Три американски фирми за цигари ќе платат 100 милиони долари отштета

Три најголеми производители на цигари во САД прифатиле да платат 100 милиони долари судско порамнување за тужби од пушачи кои тврдат дека се разболеле, и оние чии роднини како што тврдат починале од пушење цигари, објави МИА.

Со порамнувањето треба да се намират повеќе од 400 тужби на Флорида по неколку години прави постапки.

Филип Морис и РЈ Рејнолдс ќе платат по 42,5 милиони долари додека Лорилард ќе плати 15 милиони долари, наведуваат од компаниите. Тие сепак, предупредуваат дека ќе продолжат „енергично“ да се бранат вклучувајќи и жалби на евентуални пресуди во други судски спорови.

РЈ Рејнолдс минатото лето е осуден на Флорида да исплати 23,6 милијарди долари на вдовица на пушач кој починал од рак на белите дробови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.