Три чекори со кои секоја жена ќе доживее оргазам

Доколку се прашувате зошто некои жени не успеваат толку често да доживеат оргазам, одговорот лежи во тоа што сеуште нивните партнери не ги откриле вистинските цаки кои би ги одвеле во оргазмички транс. Овие три чекори се вистинските:

1.Опуштање

Повеќето жени имаат некој вид комплекс во врска со својот изглед или психичка бариера поради која не успеваат максимално да се опуштат. Затоа е неопходно жената да ја возвишите со искрени комплименти, како и со зборови да и покажете дека и се восхитувате.

Исто така неопходно е партнерот да создаде атмосфера во која жената би се чуствувала заштитено и сигурно. Доколку тоа се пригушени светла, потребна е романтична атмосфера, а долгата предигра со многу мазење и бакнување или еротската масажа пред водењето љубов во повеќето случаи се вистински погодок.

2.Симулација на вистинските точки

Дури 67 отсто од жените принават дека барем еднаш во животот одглумиле оргазам. Притоа 78 отсто од нив тоа го сториле за да не го разочараат патнерот, а 25 отсто затоа што имале чувство дека партнерот не знае што прави.

Па, имајте на ум – познавањето на женското тело е императив на задоволувањето.

3.Стимулирање на клиторисот

На ум имајте две работи – прво, повеќето жени не можат да достигнат оргазам само преку пенетрација и второ, во женскиот клиторис се наоѓаат дури 8 илјади нервни завршетоци.

Адекватната стимулација на клиторисот е најдобриот и наједноставниот пат до женскиот оргазам. Ова анатомско „копче“ е вистински вулкан на задоволство, но не е доволно само да се притисне за да „проработи“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.