петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Три деца на сириски бегалци загинале при пожар во бегалски камп

132384462

Последни вести

Три деца на сириски бегалци загинаа, а шестмина се здобиле со изгореници при пожар во бегалски камп во близина на турско-сириската граница, јави Анадолија.

Агенцијата информира дека пожарот избувнал денеска во камп кој се наоѓа во близина на градот Дерик во округот Мардин, во кој се згрижени околу 20.000 бегалци.

Причината за пожарот се уште не е утврдена.

Децата кои загинале биле на возраст меѓу 3 и 8 години.  Турските медиуми потсетуваат, дека друго дете загина во камп минатата седмица за време на друг пожар, кој уништил 21 шатори.

Околу 2,7 милиони бегалци од Сирија заминаа во Турција, што ја направи оваа земја со најголем број бегалци во светот.

Најчитани вести