Три деца првородени оваа година

Три деца се првородени во новата 2016-та година. На Клиниката за гинекологија во Скопје во една минута по полноќ се родиле две машки и едно женско бебе. Воедно тоа се првите родени бебиња во оваа година на територијата на градот Скопје.

Едното бебе е машко и е трето дете во семејството, а другите се близначиња и се први деца.

Машкото бебе е тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри од мајка Јована Андоновска Буриловска, родена 1978 година од Скопје, општина Карпош, додека другата родилка е Александра Андонова родена 1982 година која родила близнаци и тоа женско кое е тешко 2 килограми и 290 грама и долго 47 сантиметри, а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама и долго 48 сантиметри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.