Три деца загинаа во пожар кај Младеновац

Во пожар кој избил во семејна куќа во местото Велика Крсна, кај Младеновац вечерва загинаа три деца на возраст од две, три и четири години.

Децата биле заклучени во куќата и биле сами, додека родителите не биле во домот. Пожарникарите пристигнале веднаш штом мајката јавила за случајот, но не успеале да ги спасат децата. Причината за пожарот во 50-квадратната куќа се уште не е позната.