Три дена пролет, викендов повторно дожд

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 13 до 20 степени.

Во наредите три дена времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и можна појава на грмежи со засилен ветер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.