Три девојки загинаа во сообраќајка во Црна Гора

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на патот Подгорица-Колашин. Во сообраќајната несреќа животот го изгубиле три девојки, а една е тешко повредена.

До несреќата дошло кога возилото „форд фиеста“ излетало од патот кај кањонот Морача.

Според неофицијални информации, девојката М.Т., која управувала со возилото, од засега неутврдени причини изгубила контрола над возилото, авотмобилот поминал на спротивната лента и излетал во кањонот.

Пред да излета автомобилот, една од девојките излетала од возилото и те тешко повредена. По несреќата е пренесена во Клиничкиот центар во Подгорица.