Три дневна забава за третиот роденден на „Капитол Мол“

Пред три години, Капитол Мол ги отвори вратите за сите со цел да ги задоволи разновидните вкусови на своите посетители. Во топол амбиент заштитен од надворешните временски улови во сите сезони, посетителите можат со сигурност да уживаат во шопингот кој го нудат бројните продавници во центарот.

Прославувајќи три години присуство на македонскиот пазар, скопскиот трговски центар Капитол Мол ќе го одбележи својот 3ти роденден со тридневна програма за своите потрошувачи. Започнувајќи од 10.12.2016, сабота, до 12.12.2016, понеделник, ќе биде организирана 3 дневна забава, насловена како „3 level party“, исполнета со бројни изненадувања и уживања. Капитол Мол е лоциран во една од најурбаните населби во Скопје, во Општина Аеродром, на површина од 12.500 м2 наменети за шопинг и целодневно уживање на целото семејство. На 3 ката ќе се организираат низа активности меѓу кои и настапи на Brass Brothers и Sarah Macе, ДЈ Панчо и Димитар Андоновски. Покрај одличниот репертоар на македонска музика во шопинг молот, ќе настапат и Dј Кире, Dј Мац и DJ Синиша, а како дополнување на музичката синергија, се и многубројните изненадувања кои ќе бидат дел од одбележувањето на роденденот заедно со посетителите.

Роденденската прослава содржи три дена роденденски попусти во продавниците. А за најмалите подготвивме богата програма, во склоп на која во сабота ќе пееме и танцуваме и ќе бидеме креативни на  работилница како старт на роденденскиот предизвик на молот, за изработка на роденденски честитки за Капитол мол. Најубавите ќе бидат наградени на 12.12. (понеделник), кој ќе биде ден за наградување и дарување. Во недела и понеделник ќе се одржат и детски натпревари во куглање, спортски активности, дружење со Академијата „Вардар“, ќе има школа за англиски јазик и музичка едукација, работилници, аниматори и жонглери.

Три години „Капитол Мол“ придонесува за безброј насмевки, среќни посетители и единствено шопинг искуство за сите генерации. Без сомнение во иднина ќе се продолжи со уште посилна динамика, во која Капитол мол ќе продолжи да биде мол за сите генерации, кој ќе нуди уште повеќе активности, промоции, прослави и настани, најмногу од културно-забавен карактер.