Три елека со експлозив запленети во Турција

Три елека со пластичен експлозив, наменет за бомбаши самоубијци, биле најдени крај пат во округот Мерсин, во јужна Турција, информира весникот „Хуриет Дејли Њуз“, пренесува МИА.

Локалните жители крај автопатот, во близина на градот Тарсус, забележале сомнителен пакет и за тоа веднаш ја информирале жандармеријата.

При проверка на теренот екипа на силите за безбедност ги нашле трите елека со експлозив и над 20 палки.

Полицијата отвори истрага за настанот.