Три европски гиганта заднички развиваат технологија за хибридни мотори за авиони

Европскиот возухопловен гигант „Airbus“, британски „Rolls-Royce“ и герамнски „Siemens“ најавија соработка на развојот на технологијата на хибрдини мотори за авиони во рамките на иницијативата за помала емисија на штетните гасови во воздухоопловството, пишуваат британските медиуми.

Првата ваза од програмата „E-Fan X“ предвидува вградување електричен мотор со три мотора на млазен погон во авион од типот „BAe146“, пишува BBC.

Секој од партнерите во програмата ќе вложи десетици милиони фунти, им било соопштено на новинарите во текот на телеконференцијата.

Компаниите ќе развиваат хибридна технологија бидејќи електричните мотори за авионите во овој момент не се можни, рекла портпаролката на проектот. Ограничувачки фактор моментално е тежината на батеријата на која се надоврзува тежината на опремата за ладење на електричните мотори, појаснила.

„Хибридно-електричниот погон, според нашата процена, е оптимална технологија за идната на авијацијата“, истакнува директорот на „Airbus“, Пол Еременко.

Од „Rolls-Royce“ најавуваат дека ќе произведат агрегат на платформата на авионот „E-Fan X“ кој ќе користи млазен погон и ќе произведува енергија за електричниот мотор. Евентуалниот вишок енергија од генераторот ќе се складира во батериите во предниот и во задниот дел од авионот, а ќе се користи при полетување и слетување.

Програмата „E-Fan X“ е покрената во 2012 година во соработка меѓу „Airbus“ и „Rolls-Royce“. Сега трите компании планираат пробниот лет на прототипот на авионот да го изведат најдоцна во 2020 година, а комерцијалната примена е предвидена најдоцна до 2030 година.

Натпреварувањето во развојот на електричните мотори за авионите го поттикна Европската унија со барањето за намалување на загадувањето на природната околина во воздухопловството. Во рамките на планот „Flightpath 2050“, Европската комисија сака емисиите на јаглерод диоскидот да се намалат за 60 отсто, загадувањето со азотни оксиди за 90 отсто, а загадувањето со бучавата за 75 отсто.