Три години од Арапската пролет во Тунис

Илјадници жители на Тунис излегоа низ улиците на поголемите градови, за да ја одбележат третата година од соборувањето од власт на претседателот Зин бен Али, со што започна Арапската пролет.

Не се планираат масовни политички акции, но годишнината ќе биде одбележана со многубројни музички концерти и изложби на фотографии за настаните од пред три години. Центар на случувањата ќе биде авенијата Хабиба Бургиби, во главниот град Тунис .

Во последните недели во земјата зачестија нападите на џихадиските групи. Вонредната состојба во земјата е продолжена до јуни 2014 година. Новиот премиер Мехди Жома ќе има тешка задача да го извади Тунис од длабоката политичка криза, поткрепена од исламистичкото насилство.