среда, 4 јануари 2017  |  Вести денес: 52

Три години од функционирањето на „Мој термин“

Поминаа три години откако Министерството за здравство го воведе електронскиот систем „Мој термин“.

nikola-tododrov-640x480

Поврзани вести

Поминаа три години откако Министерството за здравство го воведе електронскиот систем „Мој термин“. Тимот на „Мој термин“ започна да функционира како една мала проектна единица за денеска да прерасне во посебна институција, кадровски екипирана. Овој систем прерасна во бренд во областа на здравството во Македонија, но и во регионот, Европа и пошироко, истакна на прес конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

Овој систем одамна веќе не е само систем за закажување на прегледи туку е најголема и најважна база на податоци која се гради и полни и претставува одлична основа за градење на здравствени политики. Во изминатите три години во системот се креирани 1.835.500 електронски досиеја, односно толку граѓани имаат електронски здравствен картон во рамки на системот „Мој термин“, рече Тодоров.

Во овие три години откако функционира „Мој термин“ на вкупно 1.639.730 пациенти им се издадени 68.817.000  електронски рецепти, а за 1.728.700 пациенти биле креирани вкупно 20.911.000 електронски упати. Дека станува збор за еден од најголемите електронски системи во државата покажува и неговата интегрираност во други системи. Овој систем е интегриран со над 70 софтверски компании преку кој секојдневно пристигнуваат над еден и пол милион побараувања.

Тодоров посочи дека според податоците од системот најчесто пациентите имале потреба од специјалистички услуги за интерната медицина, офталмологија и рендген дијагностика.

Установата која извршила најмногу прегледи за овие 3 години е Универзитетската клиника за редиотерапија и онкологија каде докторите во просек прегледале по 5000 пациенти.

Системот „Мој термин“ одамна како бренд ги надмина границите на Р. Македонија. Овој систем е веќе имплементиран и се користи во Србија и во 13 болници во Австралија, а има сериозен интерес и од неколку други држави во регионот, рече Тодоров.

Милан Аризанкоски, проект менаџер на „Мој термин“ истакна дека „Мој термин“ не е само систем за закажување на прегледи туку претставува систем во кој се вклучени огромен број на други модули кои ја градат здравствената база на податоци.

Од поголемите модули кои се вградени во системот се сите типови на упатувања кон секое ниво на здравствена заштита и сите детални резултати и извештаи од тие упатувања. Понатаму се креирањата и реализацијата на рецептите, целосно се следат од нивното креирање од матичен лекар, па до нивната реализација во аптеките. Како огромен модул е модулот за болничкото работење како и модулот за следење и закажување на хируршките интервенции, рече Аризанкоски.

Други функционални модули кои се вклучени во „Мој термин“ се модулот за рано откривање на рак, модулот за препишување и реализација на инсулинот, модулот за следење на листа за трансплантација, за следење на биомедицинско потпомогнато оплодување како и модулу за следење на успешноста на здравствените установи и докторите.

Сите овие модули креираат една здравствена анализа, сите тие податоци МЗ ги користи за креирање на здравствените политики. Доколку забележиме дека од некоја установа се препраќаат поголем дел на пациенти во друга установа тогаш може да се направи сериозна анализа и да се увиди во што е проблемот, дали недостасува апарат или пак доктор и врз основа на овие податоци да се преземат соодветни мерки, рече Аризанкоски.

Најчитани вести