Три години од крвавиот Велики четврток кај Смилковско езеро

На Велики четврток, пред три години се случи бруталното петкратно убиство кај езерото во атарот на селото Смилковци.

На 12. април 2012. година кај Смилковското езеро беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и четириесет и петгодишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

deca

Скопскиот кривичен суд минатата година пресуди шест доживотни казни за кривично дело тероризам за обвинетите во случајот „Монструм“, а еден од обвинетите е ослободен од обвиненијата. Судот утврдил дека Сејди Рами не е виновен и тој е ослободен.

monstrum

monstrum1

Двајца ја добија пресудата во отсуство бидејќи издржуваат затворска казна за друго дело во Косово и се уште се чека на нивна екстрадиција.