Три грешки кои ги правите кога ја пеглате косата

Доколку и вие имате проблем со пеглањето на косата, која понекогаш „одбива“ да се израмни, еве неколку најчести грешки кои ги правите.

1. Не ја заштитувате косата пред користењето на пегла или фигаро

За косата да биде здрава и покрај честото користење на пеглата за коса, добро е да вложите и во производи кои ќе ја заштитат вашата коса од топлина.

2. Го пуштате апаратот на највисока температура

Вжештеното фигаро може да ја оштети косата и да ја направи да изгледа нездраво, по што единствено што ќе ви преостане е само да ја скратите. За да го избегнете оштетувањето никогаш немојте да ги користите апарати на највисока температура.

3. Користите вжештени апарати на мокра или влажна коса

Ова е убедливо најголемата казна за вашата коса. Доколку забележите дека при пеглањето се ослободува пареа, веднаш престанете со правењето на фризурата и оставете косата да се исуши до крај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.