Три и пол години затвор за претседателот на Баерн (М)

Најтиражниот германски весник “Билд” пред неколку часа ја пласираше сензационалната информација дека актуелниот претседател на Баерн (М), Ули Хенес ќе ги мине следните три и пол години во затвор како казна за даночното затајување во претходните десетина години.

Главниот оперативец на баварскиот гигант се надеваше на поблага казна, но судиите оцениле дека станува збор за злодело што често се повторува.

“Казната е веќе утврдена и ќе изнесува три и пол години. Истата ќе биде официјално изречена денеска, но сигурно нема да стапи во сила веднаш бидејќи и обвинителите и адвокатите на Хенес најавиле жалби“ , се вели во извештајот на „Билд“.

Претседателот на актуелниот светски и европски клубски шампион е обвинет за даночно затајување од преку 27 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.