Три илјади матуранти не положија матура, ќе чекаат догодина

Околу три илјади матуранти кои не ја положија државната матура или пак ги пропуштиле двата рока за полагање на истата ќе чекаат до наредната година.

Августовското полагање, според министерот за образование Адеми поминало без проблем, аполагале повеќе од 2.600 матуранти.

Незадоволните ученици увидот во својот тест треба телефонски да го најават во Државниот испитен центар или да поднесат приговор најдоцна до денес.

„Од вкупно 1.229 ученици кои полагале мајчин јазик и литература, испитот го положиле 912, а странски јазик положиле 1.207 ученици од вкупно пријавените 2.142 ученика. Математика основно ниво положиле 111 ученици од вкупно 169 кандидати, а за математика напредно ниво биле пријавени два кандидата кои не положиле“ рече министерот за образование Абдулаќим Адеми.

Mинистерот Адеми најави дека околу 4.000 наставници кои според резултатите од екстерното тестирање лани имале најголеми отстапувања во оценувањето на учениците, од 1-ви септември наместо помала плата, ќе одат на советодавна обука. За разлика од лани, годинешните резултати од екстерното тестирање до средината на септември, ќе бидат објавени заедно со листа на казнети и наградени наставници.