Три карактеристики на мажот, кои жените ги сакаат

Партнерите отсекогаш се прашувале, што би задоволило една жена. Меѓутоа ни по толку пишувања и зборувања за женските потреби, но и преживување на различни искуства, не успеаја да најдат одговор. Точно е дека вистинско решение нема, но секогаш постојат работи кои секоја дама ги бара од мажот.

На прво место е искреноста. Оваа карактеристика на жените им е најважна, посебно не поднесуваат кога таа искреност во врската недостасува. Кога мажот безобразно лаже, жените се подготвени и да се разделат, бидејќи им е важен партнер на кој можат да се потпрат. Без вистинска поддршка, по мислење на сите дами, врската е на стаклени нозе.

На второ место на женските потреби е способноста мажот да слуша. Жените сакаат кога покрај себе имаат партнер на кој можат да се доверат, кој ќе знае да ги сослуша, советува и да им биде поддршка во секој момент. Ако ја имате таа моќ, ќе се издвоите од масата на површни луѓе.Слушајте ја што зборува и ќе бидете посебен за неа, секогаш ќе ве посака во своја близина.

И на трето, но не на помалку важно место се наоѓа зрелоста. Жените сакаат мажи кои размислуваат здраворазумно, кои се одлучни и знаат што сакаат. Во природата на мажите е да бидат силна поддршка на жените, а не ситуации кога е обратно. Доколку жените го носат товарот на врската, се свртуваат кон нешто ново, некој кој ќе ги заштити нив, а не тие да заштитуваат. Жената е нежна и нормално е да бара некој кој е појак од нејзе. Се останато не доаѓа предвид. Затоа немојте премногу да се двоумите, туку тропнете со раката на маса.