сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Три крави отсечени од светот во Нов Зеланд

На три крави од Нов Зеланд по земјотресот се чинеше дека им треба најмногу помош. Тие останаа на ова „островче“ по лизгањето на земјиштето неможејќи да си дојдат до својата фарма.

каликоура

Поврзани вести

Оваа слика е направена од хеликоптер за порталот „Њушуб“ во близина на градчето Каикоура покажува дека две возрасни крави и едно мало теле се зглавени на мало земјено островче минатиот понеделник по земјотресот што ја го погоди Нов Зеланд и беше со магнитуда од 7.8 степени. Ова мало зеленило е опколено од големи долови од лизгана земја, заробувајќи ги овие животни на местото каде што паселе.

Не било веднаш јасно во чива сопственост се кравите или што се прави за да им се помогне. Каликоура е во близина на епицентарот на земјотресот што ја погоди оваа земја преку ноќ и каде е јавена една жртва од двете пријавени како резултат на оваа природна катастрофа. Земјотресот силно бил почуствуван на југот во Крисчрч, но бил помалку разорен отколку помалиот земјотрес што се случил во 2011 година кој го разурна градот и однесе 185 луѓе со себе.

Новозеландските крави кои се 10 милиони на број многу лесно ги надбројуваат жителите на овој остров кои бројат 4.7 милиони луѓе.

Најчитани вести