Три кривични пријави за тетовчани кои произведувале дрога

Министерството за внатрешни работи во два одовени случаи поднесе три кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Во првиот случај, на 9-ти октомври минатата година, во домот на 17 годишниот З.Ј. се пронајдени 3,4 грама марихуана.

Во вториот случај, пак, СВР Тетово, поднесе кривични пријави против Ш.А. (17) и А.Б. (20) од село Стимница. Инаку, Ш.А. дрогата купил 1,75 грама марихуана од А.Б. , на 27 јануари оваа година.