(ВИДЕО) Три лица го преживеале уривањето на авионот на Куба

Повеќе од сто лица се загинати во петокот во експлозијата и падот на авионот кусо по полетувањето од кубанската престолнина Хавана, извести кубанската телевизија CubaTV, а кубанскиот претседател Мигуел Диаз Канел изјави дека меѓу вкупно 114 патници и членови на екипажот три лица преживеале, но се во критична состојба.

Авионот од типот „Boeing 737“ на воздухопловната компанија „Cubana de Aviacion“ се урна кусо по полетувањето од аеродромот „Хозе Марти“ во Хавана, на летот за Олгуин, на истокот од Куба. Се урнал на земјоделски површини, на околу 200 метри од населеното подрачје Сантјаго де Лас Вегас.

Државната кубанската телевизија објави дека во авионот имало 105 патници, вклучително и пет деца, како и девет членови на екипажот. Кубанскиот претседател Мигуел Диаз Канел, кој набрзо пристигнал на местото на несреќата, изјавил дека властите ги истражуваат причините за падот.

„Слушнавме експлозија, а потоа и видовме голем облак од чад“, изјавил Жилберто Менендез, кој води ресторан во близина на местото на падот во земјоделската област Бојероса.

Карлос Алберто Мартинез, директор на хаванската болница „Каликсто Гарсија“ изјавил за Reuters дека во болницата биле доведени четири жртви од несреќата, од кои една починала, додека трите други настрадани, сите жени, биле во тешка состојба. Роднина на едена од преживеаните потврдил дека неговата роднина е жива но оти „многу е изгорена и натечена“.

Летото го закупила компанијата „Cubana de Aviacion“ од малата мексиканска воздухопловна компанија „„Damojh“ односно „Global“, соопштија кубанските државни медиуми, Во извештаите се додава дека областа на Олгуин, каде што летал авионот, е позната по многу атрактивните плажи и оти привлекува многу туристи.

Кубанската компанија одби да даде некаков коментар, додека мексиканската соопшти дека ги прибира сите податоци за да можат да дадат што е можно поточни информации. Потврдено е дека авионот го пилотирал странски екипаж, но нема дополнителни информации.

rc=”http://PressTV.com/Default/Embed/562179″ width=”580″ height=”326″ frameborder=”0″>