Крими хроника

Три лица нападнати од куче, кривична за сопственичката

Три лица нападнати од куче, кривична за сопственичката
Регистарот на опасни кучиња

Жена од Куманово заработи кривична пријава откако нејзиното куче нападнало три лица.

В.А. (37) од Куманово се товари за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

На 13 април, пријавената предизвикала опасност по животот и телото на луѓето на начин што нејзиното куче ја нападнало Ј.М. и уште двајца нејзини соседи, при што Ј.М. се здобила со телесна повреда.