Свет

Три лица починале од горештини во Шпанија

Три лица починале од горештини во Шпанија

Три лица починаа во Шпанија како последица на невообичаено високите температури за овој период од годината, објавија локалните медиуми, објави МИА.

Шеесет и двегодишен Шпанец и 47-годишен Романец починале вчера во околината на пристанишниот град Валенсија, каде температурата достигнала 42 степена. Во средата починал и еден работник во градот Надахос.

Ова се најголемите горештини во Шпанија во месец мај во последните 140 години, од кога и почнале да се мерат температурите на воздухот.