Три лица повредени во сообраќајка кај Железничка

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која предмалку се случила кај Железничката станица во Скопје, објави Курир.

Од МВР ја потврдиле несреќата истакнувајќи дека во истата, според првичните информации, учествувале автомобил „Голф“ со велешки регистерски ознаки и автомобил „Сеат“.

Повредените лица со возило на Итна медицинска помош се пренсени во ГОБ „Св. Наум Охридски“ но засега нема детали за карактерот на повредите.

Повеќе детали се очекува да бидат познати подоцна.