Три лица повредени во сообраќајка во Скопје

Три лица, од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 21 часот се случила на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје.

Несреќата, информираат од МВР, се случила меѓу автомобил „фиат пунто“ управуван од 27 годишниот К.Г. и „пасат“ кој го управувал А.Д. (51).

Во истата со тешки повреди се здобиле К.Г. и сопатничката А.С. (39) кои им биле констатирани во ГОБ „8-ми Септември“ каде се задржани на лекување. На возачот на Пасат е полесно повреден и по укажаната лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“ е пуштен на домашно лекување.

На местото на несреќата извршен е полициски увид.