Три лица повредени во сообраќајка во Скопје

ФОТО: КУРИР

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која што се случила на раскрсница на улиците Партизанска и Рузвелтова, пренесува „Курир“.

Во несреќата учествувало возило на Брзата помош и два автомобила со скопски таблички.

Сите три лица се пренесени во Ургентниот центар, а полицијата со увидот ќе ги утврдува причините за несреќата.