Три лица приведени по терористичките напади во Џакарта

Индонезиската полиција привела три лица осомничени за терористичките напади во Џакарта. При претрес на домот на еден од осомничените пронајдени се симболи на Исламска држава. Тројцата приведени се под распит за евентуално учество во вчерашните напади, изјави полициски претставник.

Најмалку седум лица загинаа во терористички напади со експлозиви и огнено оружје во центарот на индонезискиот главен град Џакарта.

Агенциите пренесуваат дека во нападите е убиен и еден холандски државјанин кој во земјата работел за ОН.

Три лица приведени по терористичките напади во Џакарта
Три лица приведени по терористичките напади во Џакарта

Локални медиуми јавија дека во Џакарта се регистрирани експлозии на шест бомби и пукотници од огнено оружје. Полицијата потврди дека најмалку еден бомбаш самоубиец активирал експлозив што го носел на себе. Во нападот учествуваат најмалку 14 екстремисти.

По последните терористички напади полицијата изјави дека зад нив најверојатно стојат екстремистите од Исламска Држава.

Претходно имаме добиено закани од ИД дека Индонезија ќе биде нападната, изјави портпаролот на полицијата Снтон Чарлијан, пренесува Раша Тудеј.

Сепак, шефот на разузнавачката служба на Индонезија Сутијосо за Ројтерс претходно изјави дека иако нападите се терористички чин, сеуште нема никакви индикации дека ИД стои зад нив.

Во изминатите недели силите за безбедност се во готовност по закана од Исламска држава упатена до Индонезија.

Инаку вчера протекоа снимки од нападите во Џакарта. Погледнете ги на следниот линк.