Три лица сомнителни за киднапирање на малезискиот авион

Исчезнатиот малезиски авион по исклучувањето на уредите за комуникација наводно летал уште неколку часа на висина од околу 1.524 метри за да остане невидлив.

Техниката на ниско летање обично ја користат борбените авиони, а во случај со големи авиони како „боинг 777“ тој потег може да биде исклучително опасен бидејќи се создава голем притисок.

„Оној кој управувал со авионот морал да биде мошне вешт за да изведе таков маневар и да ги избегне радарите на трите зејми кои надлетал“, рекол неименува извор за „Њу стрјтс тајм“.

Новите информации се во корист на теоријата според која авионот  е киднапиран, но службите се’ уште не ја исклучуваат можноста дека е срушен.

Со авионот најверојатно управувал пилотот  Захари Ахмад Шах кого британски „Дејли Меил“ го опишува како „политички фанатик“ кој вежбал за киднапирање на летот на домашниот симулатор на лет. Неговите роднини пак го опишуваат како пожртвуван татко на три деца и вљубеник во кулинарството.

Меѓутоа, според тврдењата на „Малезија ерлајнс“ големи се шансите со авионот да управувал копилотот Фарик Абдул Хамид. Токму тој, а не пилотот, ги изговорил последните зборови „Во ред е, добра ноќ“ и потоа ги однел 238 патници во непознат правец.

Полицијата се сомнева и на патникот Мод Каирул, инженер на летови и сопственик на приватна авионска компанија, поради неговото летачко икуство.

Во потрагата по авионот учествуваат 26 земји, а се пребаруваат териториите на 11 држави вклучувајќи и копно и море.