Три лица загинаа, две тешко повредени во сообраќајката кај Струмица

Двајцата возачи на автомобилите кои вчера директно се судрија во близина на селото Радичево лоцирано меѓу Радовиш и Струмица се пренесени на скопските клиники со тешки телесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи  58-годишниот З.Б. од Струмица, возачот на „шкода октавиа“ и 44-годишниот А.А. од радовишкото село Злеово,  возачот на „мерцедес“  се пренесени на скопските клиники поради тешките повреди со кои се здобиле во вчерашната сообраќајна незгода.

Сообраќајката била фатална за 62-годишниот струмичанец Н.М. кој бил сопатник во „шкодата“-та.  На лице место починале и сопатниците во „мерцедес“-от 47-годишниот Р.Р. од Злеово и 25-годишниот Е.Т. од Сушево.

Несреќата се случи вчера во попладневните часови, кога двата авотмобили директно се судириле, и притоа се целосно уништени. Според извори од местото на настанот пожарникарите едвај ги извадиле телата на загинатите од возилата.