Три лица загинаа, околу 20 се повредени во верижен судир

Три лица загинаа, а околу 20 се повредени, при верижна сообраќајна несреќа на 18 возила во американската држава Пенсилванија.

– Причина за сударот на девет товарни возила и девет автомобили во реонот на градот Кларион е лошата видливост поради снежната бура, изјави Верн Смит од локалната служба за итна помош.

Две лица починале на местото на инцидентот, а третиот на пат кон болница.

Состојбата на тројца од повредените е сериозна, но се надвор од животна опасност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.