Свет

Три лица загинаа во антитерористичка операција во Белгија

Три лица загинаа во антитерористичка операција во Белгија

Три лица загинаа за време на антитерористичка акција во Белгија во градот Вервије на истоткот од земјата, јавува Скај Њуз, повикувајќи се на белгиските медиуми.

Според првичните информации во центарот на градот се одвивала полициска операција. Инаку според тамошните власти операцијата сеуште е во тек.

Според белгскиот медиум РТБФ, сведоците слушнале повеќе истрели од огнено оружје и најмалку три експлозии.

Белгиската полиција овие настани ги опиша како „анти терористичка операција“. Инцидентот се случил во улицата Ру де Екол.

Инаку, претходно белгиската полиција уапси еден човек за кој се претпоставува дека ги снабдил напаѓачите во Париз со оружје.

Полицијата во Шарлерој во моментов го држи во притвор осомничениот, откако тој самиот се предал во полиција во вторникот. Тој изјавил дека бил во контакт со Амеди Кулибали.

Според информациите, човекот прво тврдел дека стапил во контакт со Кулибали заради продажба на возило, но полицијата нашла докази дека тој на Кулибали му продал муниција од 7, 62 мм. Стаува збор за истата муниција што Кулибали ја користел при нападот на супермаркет каде усмрти четири заложници.

ФОТО: РТЕ