Три лица загинаа во авионска несреќа во Јоханесбург

Еден помал авион се сруши на аеродромот „Лансерија“ во Јоханесбург, по што загинаа сите три лица кои што се наоѓале во леталото, објавиле јужноафриканските власти.

Менаџерот на аеродромот „Лансерија“, Мајк Кристоф изјави дека авионот полетал од аеродромот во Ранду, место кое што се наоѓа во близина на Јоханесбург и дека во несреќата загинале сите патници.

„Лансерија“ е вториот по големи аеродром во Јоханесбург и служи само за локални летови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.