Три лица загинаа во поплави во Мексико

Три лица загинаа во поплавите во југозападното крајбрежје на Мексико, а 200 лица беа евакуирани со хеликоптери, соопштија локалните власти. 

Тоа се најпоројните дождови во градот Тухтла во изминатите 32 години, објави вчера на Твитер гувернерот на сојузната мексиканска држава Чиапас, Мануел Веласко.

Три лица загинале од надојдената вода, која ги однела нивните возила, соопшти службата за цивилна заштита во таа јужна држава.

Властите соопштија дека 600 лица се сместени во привремени засолништа, бидејќи нивните домови се поплавени.

Во државата Гереро властите регистрираа 33 свлечишта. Три лица беа ранети при пропаѓање на една од централните улици во пристанишниот град Акапулко, соопшти општинската служба за цивилна заштита.