Три лица загинаа во пожари во американската сојузна држава Тенеси

тенеси

Пожарите, кои се предизвикани од најголемата суша во последните неколку децении, биле проследени со силни ветрови со брзина поголема од 100 километри на час.

Се претпоставува дека околу 14.000 лица биле евакуирани од таа област, а неколкумина се хоспитализирани поради изгореници.

Според Си-Ен-Ен, повеќе од 100 објекти биле уништени само во Гетлинбург, а поради сериозноста на ситуацијата во националниот парк „Грејт Смоки Маунтаинс“ е донесена одлука за затворање на сите објекти.