Три лица загинаа во сообраќајка кај Струмица

По директен судир на две возила попладнево кај селото Радичево лоцирано меѓу Радовиш и Струмица загинале 3 лица а две се тешко повредени, пренесува „Курир“.

Жртвите се од селото Злегово и Струмица.

Двете патнички возила марка шкода и мерцедес се целосно уништени. Според извори од местото на настанот пожарникарите едвај ги извадиле телата на загинатите од возилата. Повредените биле пренесени со брза помош во струмичката болница