Три малолетни девојчиња исчезнати во Скопје

Вкупно три малолетни девојчиња, од кои две се сестри се пријавени во саботата како исчезнати на територијата на Полициската станица Чаир, информираше во неделата Министерството за внатрешни работи.

Во неделата утрото во 06,17 часот во Полициска станица Чаир, 38-годишниот Д.С. од Скопје пријавил дека на во саботата околу 19 часот од дома во непознат правец се оддалечиле неговите две малолетни ќерки на возраст од 15 и 11 години.

Малку претходно утрово, во 06,14 часот во истата Полициска станица Чаир, 43-годишниот М.Н. од Скопје пријавил дека исто така во саботата околу 19 часот од дома во непознат правец се оддалечила и неговата малолетна ќерка на возраст од 15 години.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.