Свет

Три масовни гробници пронајдени во Јужен Судан

Три масовни гробници пронајдени во Јужен Судан

Обединетите Нации ги предупредиле завојуваните фракции во Јужен Судан дека извештаите за откриени масовни гробници ќе бидат испитани, додека очевидци зборуваат за бран од брутални етнички убиства, а британскиот министер за надворешни работи изјавил дека ситуацијата се влошува, пишува „Телеграф“ .

Масовна гробница со 75 тела е пронајден во Бенти во Јужен Судан, а уште две масовни гробници се пронајдени во главниот град Џуба.

Посмртните останки во Бенти им припаѓаат на лица од племето Динка, кои биле припадници на суданската Народно ослободителна армија.

Одговорноста за овие убиства засега не е утврдена.

Главниот комесар за човекови права Нави Пилеј ги повикал двете страни да ги заштитат цивилите, предупредувајќи ги политичките и воените лидери дека е можно да бидат судени за воени злосторства.