сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 5

Три месеци затвор за мажот, кој се обиде да силува жена во Кичево

Надворешната канцеларија за кривични работи Кичево поднесе кривична пријава против Х.М. (62) од Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

кичево

Поврзани вести

Од Основен суд-Кичево на Х.М. му е одредена казна затвор во траење од три месеци и е спроведен во КПД Идризово во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, пријавениот на 19 октомври годинава влегол во продавница во Кичево и побарал да купи јакна. Во момент кога бил услужен од вработената и се доближил и почнал да врши полови дејствија, допирајќи ја по телото.

Вработената успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија на објектот, од каде земала нож со намера да се одбрани. Во тој момент од другата просторија излегла другата вработена, по што пријавениот излегол од продавницата и заминал во непознат правец. Набргу потоа тој бил пронајден.

Најчитани вести