Три места каде најчесто може да „соберете“ некоја зараза

Хигиената е половина здравје, така не учеа уште во градинка. И додека децата ги тераме да ги усвојат хигиенските навики уште додека се мали, да не ги ставаат рацете во уста, често да се мијат, сепак возрасните често забораваат на тоа.

Еве некои места каде најчесто можете да заработите некоја зараза.

Работна маса

Работната маса во канцеларијата е вистинско „легло“ за бактерии и зарази и содржат стотици пати повеќе бактерии и зарази на четврт сантиметар отколку даската на ВЦ школката во зградите каде работите. Ова го покажува истражувањето спроведено на Универзитетот во Аризона. Немојте да заборавите да ги чистите вашите работни маси, но и тастатурата, телефонската слушалка, глувчето, мониторот барем еднаш дневно. Епидемиологот од Универзитетот Северна Каролина Лора Стам ве советува на работа да носите шамивчиња за дезинфекција и со неа да ги пребришете споменатите површини и додава дека треба да избегнувате да јадете пред компјутер.

Ладилник

Ако имате заедничка кујна, веројатно и вие се служите со ладилникот, посебно во текот на летните денови. Речиси слично како и кога ја отварате вратата од тоалетот, никогаш незнаете кој претходно го отворал ладилникот и дали претходно ги м иел рацете. Истражувањето спроведени од Американ Диететик Асосиејшн, дури 44 отсто од ладилниците во канцелариите во американските компании се чисти само еднаш месечно, а дури во 22 отсто случаи само еднаш годишно.

Се што ќе истече или ќе се истури може да стане плодна почва за бактерии, вели д-р.Стам. Во студијата објавена минатата година, откриено е дека над 50 отсто  површини во канцелариите за  време на ручекот претставуваат потенцијален извор на некаква зараза. Ова е уште еден потсетник колку е важно да се мијат рацете пред секој оброк.

Сушење раце на апарат

Сушењето на рацете во јавните простории, односно во канцелариите на апарат не е добар избор бидејќи со апаратите на вашата кожа ќе има 45 пати повеќе бактерии, покажува истражувањето објавено во списанието Журнал оф аплајд мајкробајолоџи. Подобро е да ги избришете рацете со хартија.