Три милиони евра ќе се инвестираат за проекти во струмичко

Три милиони евра ќе бидат инвестирани за проекти во струмичко
Три милиони евра ќе бидат инвестирани за проекти во струмичко

Околу три милиони евра средства од Програмата за рурален развој на Владата ќе бидат инвестирани за проекти во струмичко, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Од Програмата за рурален развој 81 општина добија средства за проекти, а четири општини од струмичкиот регион овој пат добија околу три милиони евра директна поддршка од Владата. Тие средства ќе можат да ги вложат во проекти поврзани со водоводи, канализациски мрежи, патишта, паркови и слично. Така што очекувам овие три милиони евра да ги искористат оваа и во текот на следната година. Општина Струмица доби средства за три проекти, практично за сите три проекти за коишто побара пари. Општина Василево побара средства за поголем број проекти и доби, а исто така и општина Босилово и општина Ново Село, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој потсети дека Владата и во минатото има помогнато во струмичко, каде што само за изградба на водоводи и канализациски мрежи се инвестирани околу два милиони евра.

 Ќе продолжиме со поддршка во струмичко и во иднина. Ние не гледаме кој е на власт во општината, туку да им помогнеме на граѓаните. Наша цел е поквалитетен живот и подобри услови за граѓаните.