Три милиони евра за најдобрите научници

Наградите „Пробив“ (Breaktrought Prize) се доделуваат за неодамнешни достигнувања во полето на фундаментална физика, животни науки и математика. Организаторите ги опишуваат како „најголемите награди за наука во светот“ бидејќи доделуваат највисока парична награда, 3 милиони долари за секоја награда поодделно, пишува Би-Би-Си.

Првите победници беа наградени со наградата „Пробив“ за нивната „заднинска“ работа. Помеѓу добитниците на награда се профеосорот Ричард Тејлор (Richard Taylor), британски математичар кој работи во институтот за Напредни студии во Принстон, Њу Џерси. Тој е лидер во полето на Теоријата на бројки и помогнал во развивањето на моќни нови техники за разрешување на долго нерешени математички проблеми. Изјавил дека се чуствува „многу изненаден, возбуден и среќен“ заради освојувањето на наградата, пишува Би-Би-Си.

photo409

Рекол дека не одлучил за што ќе ги потроши освоените пари од наградата, но спомнал дека сака да ги вложи во полето во кое работи.

„Науката има незаслужена репутација дека е сувопарна и негламурозна па се што може да се направи за да се промени таа слика е добредојдено“, изјавил тој, за Би-Би-Си.

Организаторите имат за цел да ги претстават победниците како „вистински рок ѕвезди“.

Наградите „Пробив“ ги лансираа група филантропи, милионери од од технологијата вклучивајќи ги Сергеј Бин, коосновач на „Гугл“, Марк Цукерберг, Извршен директор на „Фејсбук“, Џек Миа, основачот на „Али Баба“ и Јури Милнер, основач на инвестициската фирма „Дигитал Скај Технолоџи“.

Г. Милнер рекол дека целта а наградите е да „негува позитивна слика за науката и рационализмот и оптимистички поглед за иднината на човештвото“.

„Надвор од полето на забавата, интелектуалната брилијантносте потценета во нашето општество. Пред 58 години, еден од најславните луѓе на своето време не беше глумец, атлет или музичар, туку теориски физичар. Лицето на Алберт Ајнштајн беше на насловните страници на магазините, весниците и на телевизија. Неговото име беше синоним за гениј. Сепак најголемиот дел од денешните врвни научници, иако отвараат нови прозорци кон Универзумот, лекувааат страшни болести и го продолжуваат човечкиот живот, не се познати за глобалната публика. Најголемите мислители на нашето време треба да бидат суперѕвезди, како гении на екранот“,рекол тој.

Марк Цукерберг рекол: „ Математиката е суштествена за прогресот на човештвото и иновацијата на овој век. Овогодинешната награда „Пробив“ направија огромни придонеси кон ова поле и ние сме среќни да ги прославиме нивните напори“

Останатите победници се : Симон Доналдсон од Империјал Колеџот во Лондон, Максим Контсевич од Универзитетот Харвард од Бостон, и Теренс Тао од Универзитетот калифорнија во Лос Анџелес.

Наградата за математика беше лансирана минатата година за да помогне да се донесе ново руво на наградите кои препознаваат достигнувања во ова поле. Номинациите за наградите за наредната 2015 година се отворени до 30 јуни.

Anna-Kendrick-in-Temperley-London-2014-Breakthrough-Prizes-Ceremony-600x858