Три милиони евра за „паметни билети“ во јавниот превоз

За воведување на електронска наплта на билети и автоматска локација на автобусите,  Јавното сообраќајно претпријатие на компанијата „Т-мобиле“  ќе и’ плати три милиони евра, еден милион повеќе од првичната проценка на претпријатието за реализација на проектот.

Договорот со компанијата се очекува да се потпише откако Советот на Градот ќе даде зелено светло за измена на Инвестициската програма на ЈСП, со која се зголемува  сумата што сообраќајното претпријатие ќе ја вложи во овој проект.

Според дооворот, Т-мобиле“ ќе има рок од 10 месеци за да ги воспостави системите. Ќе бидат набавени 200.000 електронски картички, како и 50 уреди кои ќе ги користат контролорите.

Со автоматската локација, патниците на автобуските стојалишта на електронски табли ќе добиваат информации за колку време ќе стаса автобусот што го чекаат. Возилата ќе бидат следени преку сателит и информациите ќе се проследуваат во реално време. Избраната фирма ќе има задача да постави 50 информативни дисплеи на автобуските постојки, преку кои патниците ќе добиваат информации за пристигнувањето на автобусите. Во сите автобуси ќе треба да постави ГПС-уреди за сателитско следење на возилата и да опреми диспечерски центар за нивно следење, кој ќе биде сместен во рамките на Студентскиот дом „Kузман Јосифовски-Питу“.

Избраната компанија ќе треба да постави вкупно 500 валидатори за електронски билети, од кои 150 во приватни . Ќе бидат поставени три машини за продажба на електронските картички и тоа на пофреквентните автобуски постојки. Електронските билети ќе се продаваат и на 58 продажни места и билетарници.

Со системот за електронска наплата, односно со воведувањето таканаречени „паметни“ билети, ќе се избегнат билетите од хартија и ќе се скрати времето на влегување на патниците во возилата. Граѓаните што се возат со јавниот превоз ќе си купуваат електронски припејд-картички, кои ќе ги дополнуваат со толку пари колку што сакаат, а при влегувањето во автобус ќе ја приближат картичката до читач, кој од неа ќе им одземе сума колку што чини возењето.