Три млади лица ги загубија животите во сообраќајна несреќа

Три млади лица ги загубија животите во сообраќајна несреќа што се случи кај Бегеч во Србија, на патот Нови Сад – Бачка Паланка.

Несреќата се случила во еден часот по полноќ. Според информациите од српската полиција возачот на автомобилот „опел вектра“ изгубил контрола над возилото кое слетало од патот и удрил во бетонска бандера.

Сите три лица се од Бегеч, кои се враќале од Футог.

Неофицијално, до несреќата дошло за време на претекнување на друго возило. По сообраќајната несреќа Бегеч остана без електрична енергија поради оштетување  на бандерата. Истрагата е во тек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.