Три момчиња силувале малолетничка во Србија

Истражниот судија во Вишиот суд во Крушевац им одреди притвор од три месеци на 21-годишниот Б.П. 20-годишниот Д.Д. и 16-годишниот В.М под сомневање дека во саботата на 6.септември во селото Обреж силувале 16-годишна девојка.

Силуваното девојче за случајот ја известилo нејзината мајка која веднаш пријавила во полиција.

Тројцата силувачи и девојчето кое било на гости кај нејзината мајка во Варварин, заедно седеле во селската кафеана во Обреж. Околу полноќ девојката тргнала дома со својот пријател. Во тој момент Д.Д. им понудил превоз и откако го оставил нејзиниот пријател дома, Д.Д. ја однел девојката на сред поле каде ја силувал, по што ја вратил назад.

Девојчето таму се пожалило на пријателите на Д.Д. дека била силувана од негова страна, на што тие одговориле дека „штом можела со Д.Д. може и со нив“.

Насила ја качиле во автомобилот носејќи ја во една напуштена куќа каде ја силувале и тепале нанесувајќи и сериосни повреди.

Силувачите биле уапсени во понеделникот, освен малолетниот В.М. кој бил испратен во поправен дом.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.