четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 56

ФОТО: Три начини како да го унапредите вашиот бизнис изглед

Вашиот бизнис изглед говори многу за вас, па затоа потрудете се да обрнете внимание на вашата беспрекорна негуваност, педантност, но и на добриот стил. Еве кои совети треба да ги следите...

biznis-stil

Поврзани вести

Вашиот бизнис изглед говори многу за вас, па затоа потрудете се да обрнете внимание на вашата беспрекорна негуваност, педантност, но и на добриот стил. Еве кои совети треба да ги следите…

Сигурни сме дека ви е познато чувството кога по обврските и напорните состаноци ќе се погледнете во огледало и сфаќате дека не изгледате подеднакво добро како утрото. Но, тоа немора секогаш да биде така и бидете сигурни дека со мали трикови вашиот изглед секогаш може да биде совршен.

  1. Блејзер

biznis-stil-1

Ова основно парче облека може во голема мера да ви помогне при облекувањето за на работа. Блејзерот можете да го носите речиси со секоја облека и секогаш ќе изгледате професионално и модерно. Покрај тоа што е практичен, блејзерот може добро да ви послужи во оние ситуации кога имате итен состанок или интервју.

  1. Црни пантолони + туника

biznis-stil-2

Држете се до класичниот стил на облекување. Црните пантолони и свилената туника можете да ги извлечете од вашиот гардаробер секој ден и едноставно да ги комбинирате со останатите парчиња облека.

  1. Мини чанта

biznis-stil-3

Не сакате секогаш да ја носите вашата огромна чанта за деловен ручек? Во тоа ќе ви помогне малата чанта што треба секогаш да ги носите со вас. Воедно, неа можете да ја користите и како несесер за козметика што секогаш ќе ви биде при рака.

Најчитани вести