Три нови фабрики ќе отпочнат со работа во септември

Владата и тимот министри остануваат фокусирани на привлекување инвестиции. Во септември три нови фабрики ќе отпочнат со работа, а на две ќе започне изградбата. Со овие инвестиции се отвораат вкупно 2.750 нови работни места.

За ова денеска во изјава за медиумите говореше премиерот Никола Груевски и нагласи дека Владата и тимот министри остануваат фокусирани на привлекување инвестиции.

Во септември три нови фабрики ќе отпочнат со работа

Во септември треба да се отвори фабриката на „Техникал текстаил“ која кога ќе ги пополни своите капацитети треба да има најмалку илјада директно вработени плус индиректно. Исто така, „Дијатек“ треба да има најмалку 250 директни вработувања и австриската компанија во Виница која што веќе почна со пробно производство која треба да отвори 250 работни места.  Истовремено во септември ќе започне изградбата на новата фабрика на ОДВ Електрик. Тие веќе почнаа како браунфилд инвестиција во постоечка хала, вработија некоја бројка луѓе, но во новиот капацитет што ќе почнат да го градат сега во септември планираат нови дополнителни илјада нови работни места.   Исто така, во септември ќе има уште еден камен темелник  за изградба на фабриката „Кондево“ која треба да овозможи 250 нови вработувања. Некаде веќе во октомври/ноември треба да заврши и градбата на „Ејплленд“ во Ресен. Така што само во септември  тие што ќе почнат да се градат и тие што ќе се пуштат во употреба ќе овозможат 2.750 нови работни места, рече премиерот Никола Груевски.

Во септември треба да се отвори фабриката на „Техникал текстаил“
Во септември треба да се отвори фабриката на „Техникал текстаил“

Инаку, премиерот Никола Груевски денеска заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директори на повеќе јавни градски претпријатија ги посети населените места Моране, Студеничани, Долно Количани, Љубош, Батници и Цветово во општина Студеничани каде имаше средби со жителите.