Македонија,Економија

Три нови странски инвестиции во јуни

Три нови странски инвестиции во јуни

Во Македонија доаѓаат германска и американска компанија кои ќе инвестираат во некоја од слободните зони.. Виктор Мизо вели дека во јуни ќе има посети од повеќе компании кои се пред конечната одлука да стратуваат со изградба на фабрика. Во разговорите со Владата речиси сите потврдиле дека производството во индистриските зони ќе треба да го стартуваат најкасно до крајот на следната година, пренесува Сител.

„Започнувајќи од утре веќе имаме конфирмирано голем број посети во рамките на месец јуни на компании пред се од Германија, САД и Италија. Со тие компании веќе подолго време сме во контакт и тие доаѓаат за да извршат последна анализа на Македонија бидејќи во периодот, некаде до крајот на летото треба да се донесат конкретни одлуки за започнување на инвестициски проекти, бидејќи сите овие компании имаат потреба да имаат функционални компании до крајот на 2015 година. Во следниот период ќе се работи на реализирање на инвестициите кои беа најавени во изминатите три месеци. Тука пред се би ги споменал КСС во Кичево, ОДВ Електрик во Охрид, италијанската компанија Тијатек во Скопје, како и инвестицијата на турско-кинесксата компанија ВЕИБО во Ранковце,“ изјави Мизо вчера за Сител.

Мизо вели дека поголем прилив на средства како странски капитал во државава се очекува во втората половина од годинава. Слично предвидуваат и иекспертите кои сметаат дека македонија веќе е препознаена бизнис дестинација пред се поради направените реформи кои се одлично рангирани од речиси сите межународни институции.

Во првиот квартал од годинава во државава вложен бил странски капитал тежок 87 милиони евра што е за 10 милиони повеќе споредено со истиот период лани. Во последните 2 месеци пак дури 10 компании донеле одлука да инвестираат во некоја од зоните што според експертите е резултат на поволната бизнис клима.